Стефковски на саем во Сараево ја промовира Гази Баба

Делегација на општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски учествува на саем за промоција на општината пред инвеститори во Сараево, Босна и Херцеговина.

– Како градоначалник ја предводам делегацијата на општина Гази Баба која од денес учествува на тридневен саем во Сараево, Босна и Херцеговина. Овие три дена нудат одлична можност за вмрежување на контакти со инвеститори за нови гринфилд капацитети, зелена инфраструктура и нови технологии, објави Стефковски.

Стефковски информира дека остварил продуктивни средби со потенцијални инвеститори и официјални преставници од арапските земји.

– Општина Гази Баба е единствена општина од градот Скопје која учествува на овој саем. Покрај Гази Баба, на саемот своја промоција имаат и општините Охрид, Битола, Ресен и Гевгелија. Промоцијата на општина Гази Баба со цел привлекување на нови инвестиции ќе продолжи и во следниот период. Нашата цел е обезбедување на рамномерен регионален развој кој ќе ја направи општина Гази Баба подобро место за живеење, напиша Стефковски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста