Приватните превозници остануваат пред Град Скопје, ќе ги прими ли Владата?

Како некој мисли да функцинирате ако не ви го има исплатено она што сте го сработиле ?  –   Ова е аудио снимка од  трибина на актуелната градоначалничка на град Скопје Данела Арсовска со приватните превозници одржана  за време на предизборната кампања пред да дојде на чело на локалната власт на Скопје. На истата оваа трибина, Арсовска критикувала како може превозниците да се оставени во долгови , и им дала ветувања дека посојано ќе имаат состаноци за да се решаваат проблемите со линиите и со финансиските средства. Превозниците,  ја потсетија градоначалничката на овие ветувања и критики со тоа што ја пуштија снимката од поставените автобуси,  но таа не се одзва ни на овој повик .

Во меѓувреме, возачите ги претворија во дом нивните автобуси , остануваат и ден и ноќ и нема да се повлечат оти, како што велат,  тоа е се што имаат.

Ова е нашиот дом. Имаме долгови, сите ни звонат, не знаеме каде да одиме што да правиме, вели Николче Даутовски возач во ЈСП.

Превозниците побараа и средба во Владата со цел да се реши проблемот. Децидни се дека нема да се откажат од нивните барања, а ако институциите не потегнат да се реши проблемот , најавуваат радикализација на протестите.  

-Тука сме на булеварот „Илинденска“, каде ќе дежураме 24 часа и така ќе продолжиме се додека нема некој позитивен помак во однос на нашата состојба. Се надеваме дека претседателот на Владата, Димитар Ковачевски ќе не прими на средба. Ние во петок уредно доставивме барање да не прими. Од Градот, за жал, како и досега апсолутно никаков интерес да се обидат да ја решат состојбата во која што се наоѓаме, изјави Муриќ

Поддршка на превозниците даде претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари кој порача дека мора да се изнајде решение за проблемот

 Загрижени сме за состојбата. Се работи за повеќе од 500 семејства кои неколку дена протестираат со блокирање на улици. Ова не е решение. Блокиран е главниот град на државата. Ме загрижува тоа што градоначалничката воопшто не комуницира со нив, а треба и мора да се изнајде решение. Јас се согласувам со еден предлог што го дадоа, евентуално и да и се одземат ингеренции и Владата да се ангажира малку сериозно во овој правец, порача Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.

Од Владата за сега не ги одземаат ингеренциите на Градоначалничката за решавање на проблемот. Вицепремиерот Фатмир Битиќи порача дека одземањето на ингеренциите би значело враќање 20 години наназад во борбата за децентрализација.

– Јавниот превоз во Градот Скопје е во ингеренции на Градот Скопје и по закон. Сметам дека Град Скопје треба да се одважи и конечно да седне да го решат проблемот. Ако не е возможно, ние докажавме дека секогаш сме тука за граѓаните дали е тоа и одземање на ингеренции за Градот Скопје, влегување во суштински и системски промени, не знам, затоа што вакво однесување на надлежните сметам дека се на штета не само на граѓаните на град Скопје, туку и на целокупното функционирање на системот, изјави Битиќи.

Протестот на приватните превозници започна со блокада на клучните раскрсници во Скопје на 28 минатиот месец . Автобусите од кај ТЦ Мавровка и од кај Црвен Крст се преместија пред Град Скопје бидејќи, велат, нивниот револт е насочен кон градоначалничката, а не кон граѓаните.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста