Мажот што јадел од зелникот со праз е стабилен, жената е во кома – Како отровот се нашол во куќата на несреќното семејство?!

Мажот што јадел од зелникот со праз е стабилен, жената е во кома – Како отровот се нашол во куќата на несреќното семејство?!

Мажот што јадел од зелникот со праз е во стабилна состојба, а бабата која ја спремала смртоносната пита се уште е во кома во тешка состојба и сместена е на Карил. Како што вчера објави Алфа, семјниот ручек стана кобен за 47-годишната жена, која вчера почина на болница поради труење со „метомил“ пестицид. Од Токсикологија ги потврдија овие информации и велат дека овој отров бил премногу јак и во прашање се доведува животот на луѓето. Засега е непознато како отровот завршил во јадењето.

  • Според првичните лабораториски анализи и клиничката слика на пациентите се сомневаме дека дека се затруле со пестицидот „Ланате” кој е смртоносен. Во моментов мажот е во стабилна состојба, веќе трет ден е на нашата клиника и биохемиските параметри се подобруваат, изјави проф. д-р Жанина Переска од Клиниката за Токсикологија.

Денеска ќе се врши обдукција на телото на 47-годишната скопјанка. Од Обвинителството и МВР велат дека се подигнати доказни материјали за вештачење и дека се работело на расчистување на случајот.

Лекарите велат дека овој отров е строго забранет во земјите од ЕУ, и истиот е забранет во Македонија. Како и каде се продавал кај нас, треба да кажат други институции, велат докторите.

  • И мала количина од оваа група пестициди доколку се внесат во организмот може да биде фатална или да предизвика сериозни компликации врз здравјето. Станува збор за труења со висока смртност, примарно го напаѓаат нервниот систем, но и сите останати органи. Смртноста кај нив најчесто резултира со попуштање на центарот за дишење, вели професорката Переска.

Поред неофицијални информации до кои дојде Алфа, жената заедно со својот сопруг и свекрва со кој живееле во иста куќа  во општина Кисела вода, јаделе домашна пита во дворот, по што комшијата ги видел како лежат на земја и притрчал да помогне.

Неофицијално станува за збор за ненамерна грешка, на бабата која ја месела питата во летната кујна во дворот. Таа најверојатно наместо брашно ставила од отровот кој го чувале во тегла, за заштита од глувци.  После јадењето, сите се затруле, почнале да се гушат, доживеале срцев удар кој не го издра 47-годишната жена.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста