Зошто Ковачевски тактизира со датумот на избори?

Зошто Ковачевски тактизира со датумот на избори?

Премиерот Ковачевски обвинува дека опозицијата ги менува ствоите ставови , а тоа го прави токму тој, велат дел од аналитилчарите. Со последната изјава во врска со одржување на изборите на 8 мај, како што предложи ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски не даде конкретен одговор, што според универзитетскиот професор Божиновски, тоа е ретерирање, оти претходно цврсто бил на ставот парламентарните избори да бидат сред лето.

Со изјавата на Ковачевски дека важно му е да биле изборите во редовен термин, а не важно му е датумот, што претставува промена од претходната изјава дека треба да бидат во јули парламентарните избори, мислам дека би требало сега политичките партии реалтивно лесно да се договорат, вели Владимир Божиновски – универзитетски професор.

Божиновски посочува дека 8 мај е погоден датум за сите освен за СДСМ кои полека легнуваат на брашното. Ниту Алијанса за албанците, ниту пак ДУИ кои се дел од владината коалција немаат против одржување на заеднички избори, тоа е причина плус за притисок кон социјал-демократите да одат на споени избори.

Претходно он стоеше на ставот и беше осамен во тоа дека изборите треба да бидат на почетокот на јули или крај на јуни иако тоа би значело 10 милиони евра повеќе од буџетот за избори кои би биле одвоени само месец дена плус дополнителен проблем кој што би настанал со создавање на политичка и уставна криза доколку не успее вториот круг на претседатеските избори, што според сите податоци кои ги имаме и од истражувања и од раасположението на граѓаните се покажа дека е една релативно валидна опција, вели Владимир Божиновски – универзитетски професор.

Според ВМРО-ДПМНЕ единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг претседателски и парламентарните избори е 5 мај, но тогаш е Велигден. Во пресрет на одржување на споени избори за да се намалат трошоците, и истите да бидат споени, но и да се запазат роковите за редовна процедура претседателот на партијата, Мицкоски предложи, истите да се одржат три дена по Велигден.

СДСМ не даваат сеуште не даваат конкретен одговор дали им е прифатлив датумот, и понатаму велат дека разговорите за избори треба да бидат во собрание меѓу работните групи.

Засега не е закажана никаква работна средба меѓу партиите, ниту пак се знаат имињата на претставниците.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста