Јовановиќ за Алфа: Реален е извештајот на Светска банка дека македонската економија тоне – мора да има реална статегија

Јовановиќ за Алфа: Реален е извештајот на Светска банка дека македонската економија тоне – мора да има реална статегија

Реален и повеќе од точен е извештајот Светска банка кој ја рангира македонската економија како најлоша во регионот. Ова е реакцијата на економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ кој вели дека Владата мора да прави реални, а не само популистички стратегии за развој на економијата и генерално за домашното стопанство, зашто земјава останува со најнизок раст, најголем дефицит и висока инфлација.

  • Реален и за жал повеќе од точен е извештајот Светска банка кој ја рангира македонската економија како најлоша во регионот. треба да сме свесни дека фискалните ресурси не се неограничени треба да бидат одржани на одреден начин за да се одржи фискалната стабилност. да се чуваат цените на енергенсите, цените на храната вештачки ниско и исто така гледаме голема неефиканост на начинот на електирчната енергија се користи тука, вели за Алфа економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ.

Според прогнозите од Светска банка, годинава ќе се заврши со скромен раст од само 1,8%, но и следните години тој ќе биде најмал во однос на другите држави од соседството. Македонија, велат економистите, и натаму ќе се бори со висока инфлација која само ќе им ги јаде парите на граѓаните. Алармираат, ако сега и веднаш реално не се зголемат примањата, македонската економија само ќе тоне.

  • Она што треба да го направи Владата е да ги покачи платите. Единствен начин да јадете како што сте јаделе како лани е да се покачат патите. Се покачија пензиите, минималните плати и социјалните давања, а и сопствените плати си ги покачија, но платите во приватниот сектор не се покачуваат тврдоглаво, вели Јовановиќ и додава дека е нужно да се овозможи трошење за да функционира економијата.

Од Светска банка предупредуваат дека јавниот долг и натаму ќе расте. За намалените приливи на средства од ДДВ, од банката причината ја лоцираат во намалената потрошувачка. Сепак, поради случувањата на Блискиот исток, веќе е регистриран раст на цената на енергенсите, кои и кај нас само ќе одат на горе. Според прогнозите, годинава најголем раст ќе има Црна Гора, а до година и соседно Косово.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста