Ковачевски не си го одржа зборот, оризопроизводителите се закануваат со протест


Во рок од три дена да се договори средба со Премиерот или министерот за земјоделство, во спротивно оризопроизводителите повторно излегуваат на протести и блокади на регионалниот, но и на новиот експресен пат Штип-Кочани. Си ги бараат  3денари по продаден килограм арпа, кои им биле ветени дека ќе им бидат исплатени до крајот на минатата година. Тврдат дека ги немат добиено ниту редовните субвенции.

       „Нам ни е ветувано се и сешто, меѓутоа на крајот ништо не се исполни. Тоа ќе придонесе до напуштање на површините до 50 %, а бројот на млади земјоделци рапидно ќе се намалува, што значи дека нам ни се заканува глад и кочанскиот ориз ќе згасне на овие полиња„- изјави Стојче Ташовски,оризопроизводител од Облешево .

За десетина денови стартува подготовката за новата сеидба на оризот, но според земјоделците годинава за една третина ќе се намалаат посеаните површини. Ќе бараат да се утврди и нова производна цена, бидејќи сегашната е поголема од продажната. Велат дополнителен проблем е мислењето на Владата, оризовата арпа да не се откупва за стоковните резерви.

    „Бараме реконструкција во Министерството за земјоделие, да дојде земјоделец, кој ќе го води земјоделието, кој ќе го управува и таму да има земјоделци кои ќе помогнат, ако треба и бесплатно, само да ги кажат проблемите„ изјави Здравко Арсов,од Иницијативниот одбор.

 Минатата година оризопроизводителите организираа над десетина протести, блокирајќи го регионалниот пат Штип-КОчани. Засега најавите од надлежните дека оризовата арпа би можела да се откупува за стоковните резеви , како и авансно исплаќање на субвенциите, останаа само на ветување.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста