И во Тетово расте бројот на заразени со Ковид

Нешто поголемата раздвиженост во Тетово откако почнаа да доаѓаат иселениците, како да го размрда досега инертниот Ковид-19. Матичните лекари велат дека имаат нешто повеќе работа и третирање на болни поради коронавирусот.

Имаме движење повеќе на странски посетители, на доселеници, фреквенцијата на луѓе е зголемена, луѓето гледате самите се опуштија, маските се задолжителни само во аптеки, во здравствени установи, така да фреквенцијата на луѓе се зголеми, свадбите, масовните веселби, секојдневно ги имаме матурите, и неминовнно беше дека бројката ќе порасне вели Др. Светлана Трифуновска, координатор на матични лекари.

Сепак засега не постои голема загриженост барем меѓу здравствените работници кои велат дека го очекувале бранот. Бројките растат, вирусот брзо се шири но болните поминуваат полесно отколку од пред година или две.

Добра страна е што клиничката слика не е толку како што беше претходниот вирус, не е толку јасно изразена односно немаме долно респираторни засегања што е најважно и скоро и да немаме хоспитализации. Постои бран, јасно дека постои бран, вирусот е тука се уште меѓу нас, се шири, но сепак последиците не се толку страшни рече Др. Светлана Трифуновска, координатор на матични лекари.

Според докторката имунизацијата влијае да полесно се преброди овој бран.

Капацитетите на болниците се слободни, сега за сега нема многу место за загриженост.  Затоа што и самата имунизација го направи своето, доста од пациентите имаат и стекнат и прележан дел од имунитетот затоа што ја прележале болеста – вели Др. Светлана Трифуновска, координатор на матични лекари.

Во моментот има околу 50 активни случаи. Од почеток на пандемијата речиси 14 илјади жители на Тетовско биле заразени, а речиси 600 починати. 

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста