Владиниот врв исчезна во клучната недела за иднината на Mакедонија

По интензивната меѓународна офанзива на Македонија во клучната одлучувачка недела кога во Собранието ќе се носи одлуката по францускиот предлог, македонската власт бега од јавно соочување со јавноста. Меѓународните тешкаши очигледно ја завршија успешно работата со интензивните средби со македонските функционери, па тие како да нпропаднаа во дупка. Последната активност беше испратената информација на владата до собранието за предлогот на Макрон , ама и тогаш ниту Ковачевски, ниту Маричиќ и Османи нема никакво излагање пред македонските граѓани..

Но не само од македонската јавност, шефот на дипломатијата Бујар Османи очигледно бега и од средба со бугарската колешка Теодора Генчовска која го канеше на средба на бугарска територија. Неочекувано за Османи кој негуваше пријателски односи со колегите од Софија, ја одби поканата со образложение дека ќе се фокусирал на процесот во Собранието.

-Софија е известена дека во овој период Османи ќе се фокусира на процесот во Собрание, а експертите од двете министертства ќе продолжат со работа. Доколку се појави потреба Османи и Генчовска ќе одржат онлајн средба, стои во одговорот од МНР.

Додека никој од владата веќе трет ден по ред не се појавува во јавноста, претседателот Стево Пендаровски на интервјуа изнесува тези кои ги подриваат државните позиции кои Ковачевски и Османи толку жестоко ги бранат. Признава дека со францускиот предлог е предвидено и менување на историјата и учебниците, а ако не се согласиме Буагрија пак ќе не блокира.

– Двете Влади ако се согласат, а се бара заемна согласност, пуштаат до надлежно министерство, да речеме МОН за учебник ако збориме. Бидејќи во договорот од 2017 со Бугарија не вели она што ќе го заклучи Комисијата е завршена работа. -Што ако не најде? Блокада од Бугарија, вето. Значи не само за тоа.“, рече Пендаровски.

Пендаровски во изјава и за грчки „Етнос“ признава дека има мали шанси некоја политичка партија во Македонија да може да собере двотретинско парламентарно мнозинство за да ги поддржи уставните измени со кои Бугарија инсистира македонците со бугарска самосвест да станат државотворен народ.

До крајот на неделата македонскиот Парламент треба да донесе заклучоци , ама без увид во документите, дали да и препорача на владата да го прифати или отфрли компромисното решение на француското претседателство.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста