Законот за амнестија на собраниска седница, ВМРО-ДПМНЕ најавува блокада

Законот за амнестија на собраниска седница, ВМРО-ДПМНЕ најавува блокада

Предложениот закон за амнестија по скратена постапка е на дневен ред на денешната собраниска седница. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе поднесат 5.000 амандмани за да го блокираат усвојувањето на овој закон, од СДСМ амандмани за да го спречат можното амнестирање на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковци, а министерот за Правда Кренар Лога најавува дека денеска на пратениците ќе им покажува фотографии за тоа какви се условите по затворите во Македонија.

Според министерот за Правда целта на амнестијата била да се ослободат затворите од бројот на затвореници поради лошите услови за престој. Пресметката е дека ако овој закон помине во собранието, од вкупно 2.114 затвореници, 286 ќе бидат целосно ослободени, а за 996 ќе има делумно ослободување. Од министерството за правда велат дека немаат пресметка за тоа колку од 2.813 осудени кои чекаат да влезат во затворите ќе бидат аманестирани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста