Мицкоски до Вадефул: Власта ги злоупотребува собраниските процедури, потребни се итни реформи

Мицкоски до Вадефул: Власта ги злоупотребува собраниските процедури, потребни се итни реформи

„Власта ги злоупотребува собраниските процедури и носи закони во нивен интерес, а не во интерес на граѓаните“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со Јохан Вадефул, заменик шефот на владејачката парламентарна група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана.

Мицкоски го информираше Вадефул дека парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, постојано ги крши собраниските процедури и го злоупотребува европското знаменце за носење законски регулативи кои се во нивен интерес, а не во интерес на граѓаните.

Во однос на економската состојба, Мицкоски потенцираше дека македонската економија е во тотален колапс, а актуелната влада наместо да е насочена кон решавање на ова клучно прашање, е насочена кон криминал и корупција.

Мицкоски го информирше Вадефул, дека власта нема поддршка од граѓаните, додавајќи дека се потреби итни реформи и промени кои ќе значат целосен ресет на нефункционалниот систем. соговорниците се согласија соработката и средбите да продолжат во иднина.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста