Во каква состојба е народната каса во предизборието?

Во каква состојба е народната каса во предизборието?

Каква е реално состојбата со македонскиот буџет. Дали народната каса е во стабилна состојба, дали има пари или има проблеми таа да се наполни, дали можеби предизборно се троши недомаќински? Овие дилеми се оправдани во периодот на предизборието кога гледаме како партиите од позиција на власт се расфрлаат со предизборни активности и кампања. На оваа тема дополнителниот заменик министер за финансии Елена Петрова ќе организира брифинг за новинари.

Поврзано со „реализацијата на буџетот за 2024 год започнавме со објава на информации и коментари на фејсбук „рекорден буџетски дефицит во 2024 година” и „наплата на буџетските приходи во првиот квартал”. На брифингот ќе ги прошириме овие информации и со осврт на повратот на ддв, буџетските расходи во првиот квартал и други прашања кои се однесуваат на буџетот за 2024 год. Соопштија од кабинетот на дополнителната заменик министерка за финансии во техничката влада.


КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста