Пендаровски се препорача за уште еден мандат – досегашната работа му била без ниту една дамка

Пендаровски се препорача за уште еден мандат – досегашната работа му била без ниту една дамка

Граѓански кандидат со партиска поддршка од СДСМ, без политички договор со ДУИ, но со албански гласови во втор круг  – ова е вистинскиот рецепт за да се остане во фотелјата на Водно според Стево Пендаровски. Човекот кој ги потпиша измените во Кривичниот законик за кои цела Европска Унија алармираше, кој го потпиша Преспанскиот договор со што го променивме името на државата, го потпиша наводно изменетиот француски предлог со кој потпаднавме под бугарски уцени, вели немал ниту една дамка во својата претседателска кариера. Првата и главна причина поради која се кандидира, вели, е тоа што зад себе има мандат без ниту една стратешка грешка.

Без ниту една стратешка грешка. Без ниту една корупциска афера, ниту еден случај на непотизам и судир на интереси поврзани со мене, моето семејство, роднини… Бев национален координатор и ги предводев преговорите за членство на Македонија во НАТО и во мојот прв мандат станавме членки на Алијансата. Очекувам во мојот втор мандат да станеме членка на ЕУ, вели Пендаровски.

Актуелниот претседател доби поддршка за втор мандат од највисокото раководство на владејачката СДСМ а во недела на конгрес ќе биде промовиран како претседателски кандидат откако одлуката за тоа ќе помине низ партиските тела.

Но дали Пендаровски ќе добие поддршка од ДУИ во вториот круг на претседателските избори ако се земат предвид несогласувањата помеѓу двете најголеми партии во коалицијата, посебно откако Пендаровски одби да го потпише Законот за игри на среќа. Не одговори конкретно, рече дека очекува поддршка и гласови од сите етнички заедници, а тоа било можно и без политички договор.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април 2024 година, а вториот круг на 8 мај заедно со парламентарните избори. Според експертите главен противник на Пендаровски ќе му биде Гордана Силјановска Давкоја чија кандидатура ќе биде потврдена со утрешната конвенција. Тројца кандидати до сега ги собраа потребните потписи, Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски. Близу до исполнување на условот се и кандидатот на Левица Билјана Ванковска, и кандидатот на Гром Стевчe Јакимовски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста