Власта да престане да ја полни администрација со непрофесионални кадри и на тој начин да ја спречи корупцијата, бараат синдикатите

Власта да престане да ја полни администрација со непрофесионални кадри и на тој начин да ја спречи корупцијата, бараат синдикатите

Функцинерите ја прават корупцијата и злоупотребите во инсистуциите, поминуваат неказнето,а одговорноста и последиците ја сносат само вработените од пониските ешалони. Синдикатите и експертската јавност го кренаа гласот. Велат, повеќе нема да молчат, додека властодршците си ги вработуваат своите деца, внуци, роднини и пријатели, а потоа последиците од коруптивните скандали мора да ги сносат сите вработени. Полнењето на државната администрација со непрофеисонални кадри, има силно негативно влијаение и на стопанството.

  • Корупцијата во извештаите пишува токму дека потекнува од избраните и именуваните лица. Вработените во јавниот сектор трпат поради таа корупција, трпат поради непотизмот, се создава еден голем јаз помеѓу вработените. – Порача Претседателот на конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски.

Ралповски додава дека непотизмот, односно неконтролираното вработување роднини во инсистуциите, силно и негативно влијае врз психо-физичкото здравје на професионалците во јавниот сектор. Тоа пак за возврат, директно влијае врз ефикасноста на инситуциите.

Проферотот по трудиво право пак, Лазар Јовевески, вели дека корупцијата и непотизмот има катастрофални последици по државата. Системот се руши одвнатре.

  • „Корупцијата во јавниот сектор, непотузмот, непрофесинализмот делува девастирачки на повеќе аспекти. Прво, на продуктивноста, на сите оние кои често работат. Тие се обехрабрени и не сакаат да работат. Понатаму, делува демотивирарчки за младите луѓе да влегуваат во јавниот сектор и да станат вистински професионалци и дел од од јавни.“ – Истакна професорот по трудово право, Д-р. Лазар Јовевски.

Експертската јавност појаснува дека ова е една од главните причини за масовниот егзодус што и се случува на Македонија. Сметаат дека државата веќе има законски решенија и механизми да ги превенира и реши овие проболеми, но, политчарите немаат волја да ги спроведат законите, само затоа што така им одговара.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста