Љупчо Коцевски e новиот државен јавен обвинител

Љупчо Коцевски e новиот државен јавен обвинител

Заврши дискусијата за новиот Јавен обвинител Љупчо Коцевски. Веднаш потоа, пратениците со 62 гласа за го изгласаа предлогот на владејачкото мнозинство. Откако му истече мандатот на Љубомир Јовески, на негово место како вршител на должност беше поставена Соња Симовска. На ден пред распишувањето на изборите, владејачкото мнозинство го заврши и ова – нов Јавен обвинител, откако минатата недела изгласаа и уставен судија – Ана Павловска Данева.

Од ВМРО-ДПМНЕ за време на дискусијата предупредија дека е скандал, на 84 дена до избори и еден ден до распишувањето на изборите, да се бира републички обвинител.

„На 84 дена до избори, на еден ден до распишување на избори, овие решиле се да завршат. Еден куп закони во процедура, се што не завршиле, сакаат за овие 80 дена. Дали се работи за закони за администрација, штетни договори за кои цела професионална фела посочува за штеточини, дека најголеми штеточини се СДСМ и ДУИ, не е важно. Си потпишуваат и штетни договори и си бираат јавен обвинител. Не знаеме дали овој јавен обвинител, покрај сета онаа работа што му ја остави оној шо изгоре од желба да биде уставен судија, Љубомир Јовески, кој му остави голема работа, ќе ги заврши сите обврски и ревносно ќе се бори против корупцијата и криминалот“ – рече Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката од СДСМ, Жаклина Лазаревска наместо да зборува за предлогот за Јавен обвинител, се пофали дека сите овие години, владејачката коалиција работела во интерес на граѓаните.

„Да се потсетиме кои беа најголеми штеточини и што оставија кога по судни маки ја напуштија власта. Здравство, образование, институции, пустош. Многу беше тешко, но сработивме во интерес на граѓаните. Она што е важно, навистина треба да се бориме против корупцијата и криминалот и не застануваме. Му посакувам на новиот обвинител да се работи правично и независно“ – рече Лазаревска.

Љупчо Ковевски во адвакатурата бил 16 години, а во 2008 година бил избран за виш јавен обвинител во Гостивар. Пред повеќе од две години е унапреден и станува еден од десетмината обвинители во републичкото обвинителство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста