Утре стартува кампањата за локалните избори

Партиите од утре ја започнуваат кампањата за локалните избори закажани за 17-ти октомври. Во наредните 20 дена политичките партии ќе промовираат 11 илјади кандидати за градоначалници и советници во 80 општини во земјава и градот Скопје.
Иако во време на пандемија, политичките партии убедуваат дека ќе се почитуваат протоколите за време на кампањата.
И експертите сметаат дека доколку се почитуваат, изборите нема да бидат причина за ширење на ковид-19.
– Ние веќе имавме едни избори во пандемија и попис, се покажа дека тие не ја зголемија бројката на заразени така што мислам дека ако самите избори се спроведат како што треба немаат некаков ризик пандемски или епидемиолошки. Друго е дали партиите во рамки на своите кампањи ќе го почитуваат протоколите за заштита од Ковид. АКо ги почитуваат тогаш нема да имаме зголемување, ако не ги почитуваат тоа е ризик за нивните поддржувачи- вели за Алфа, Петар Арсовски.
Од друга страна, експертите сметаат дека кампањата е започната пред нејзиниот старт, а препукувањта помеѓу политичките партии нема да изостане и во изборната кампања. Очекуваат и негативна иако политичките партии најавија позитивна и фер кампања. Кај познавачите, постои и сомнежот дека изборната кампања ќе биде збогатена со манипулации и поткуп.  
– Очекувам дека кампањата ќе има негативни тонови. Двете најголеми македонски партии па сега и двата најголеми албанска блока се во ситуација на високи тензии, па така што не очекувам кампањата да помине во целосно позитивна атмосфера.  Што се однесува до подкупот или некакви изборни манипулации, тоа е работа на надлежните органи. Малку е подобрена ситуацијата во последно време по тоа во Македонија, но сепак таа ситуација треба да се следи особено во помалите места вели Арсовски.
Според статистичките податоци на Државната изборна комисија, 301 кандидати ќе се борат за општинската фотелја а 10.600 кандидати ќе се тркаат за советничко столче. Кампањата пред првиот изборен круг треба да заврши на 15 октомври, кога на полноќ почнува изборниот молк, додека вториот круг за кандидатите за градоначалници ќе се одржи на 31 октомври, во општините каде што ќе нема победник по првиот круг гласање на 17 октомври. Инаку анкетите објавени во последните денови, на кандидатите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ им даваат комотна предност пред Соцјал-демократите. 

Викторија Миткова

https://www.youtube.com/watch?v=grXGUm_cZ3U&feature=youtu.be

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста