Попис: Отворени пунктовите во општините, граѓани се жалат дека не биле посетени од попишувачите

На само пет дена пред крајот на најголемата статистичка операција во Македонија, надлежните најдоа привремено решение за спроведување на пописот. Непопишаните, поради било кои причини, од денеска ќе имаат можност тоа да го направат сами на пунктовите кои се отвораат во општините каде што има потреба. Првиот човек на ДЗС, Апостол Симовски за Алфа вели попишувачите биле на терен, но пунтовите ги отвориле како дополнителна алатка како што биле и телефонските броеви во заводот.

Таму каде што попишувачот поминал, не биле посетени, можеби не биле дома, на работа или на некое друго место овој период, да го остварат своето право и обрвска и да бидат попишани на пунктот се општините каде што за тоа има потреба. Оние општина каде што имаме помалку попишани, таму каде што пописот е на самиот крај и ќе се заврши без никаков проблем. Во наредните неколку дена без потреба да се отвараат пунктови дополнително вели Симовски.

Но, јавноста контра Државниот завод за статистика. Граѓаните главно на социјалните мрежи реагираат дека се уште не биле посетени од страна на попишувачите. Сведочат дека добиле писмено известување од денеска да се попишат самите бидејќи до крајот на предвидениот рок попишувач немало да дојде во нивниот дом. Но тоа го отвара прашањето дали сите се во можност да посетат пункт за да се внесат во статистиката за населението во Македонија?

Од друга страна се почести се видеата каде се забележува дека граѓани го бојкотираат пописот и не им отвараат врата на попишувачите иако се посетенувани и по неколку пати. Ова наметнува дилема: Дали пописот и неговите резултати ќе бидат невалидни, бидејќи  доволно е да недостасуваат податоците од само 50.000 граѓани, за тоа да влијае на конечните резултати.

И покрај се првиот човек на ДЗС е убеден дека пописот ќе заврши успешно до 30 септември. Во исто време, Државната изборна комисија вчера го затвори избирачкиот список за локалните избори закажани за 17 октомври 2021 на кои ќе може да гласаат 1 824 864 граѓани.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста