Ѓуленисти во замена за Палчо: Барањето е пристигнато во Скопје, но Лога се правда дека тоа нема врска со Палевски

Ѓуленисти во замена за Палчо: Барањето е пристигнато во Скопје, но Лога се правда дека тоа нема врска со Палевски

Министерот Кренар Лога потврди дека Турција испратила барање за екстрадицијата на петмина ѓуленисти од Македонија, но се правда дека тоа немало врска и не било на никаков начин поврзано со испорачувањето на осомничениот убиец Љупчо Палевски Палчо. Тврди дека Анкара секоја година испраќала вакви барања, различна била само бројката на луѓето.

До Министерството за правда пристигнато е барање за екстрадиција на петмина припадници на ФЕТО. Меѓутоа тоа не е поврзано со екстрадицијата на оосомниченото лице Љупчо Палевски Палчо. Вообичаено секоја година пристигнуваат вакви барање, само бројката варира, во последното барање наведени се пет лица, велат од Министерство за правда.

Сепак нема одговор што се случи со ветувањето што Лога го доби од својот Турски колега уште на 15 март дека за неколку денови Палчо ќе биде екстрадиран во Македонија.

Повеќето експерти, уште при апсењето на Палчо, преупредуваа дека е можно Анкара да го искористи овој случај за да ја натера Македонија да ги апси и испорачува луѓето кои владата на Ердоган ги прогласува за државни непријатели.

Тогаш македонските власти демантираа и тврдеа дека екстрадицијата на Палевски Палчо ќе случи најмногу за три месеци. Обвителството и Министерството за правда уверуваа дека барањето за екстрадиција е комплетно, па дури и претседателот Пендаровски тврдеше дека нема простор за уцена, затоа што ѓуленисти во Македонија – немало.

Сепка, еве веќе минува петтиот месец од овие тврдења, а од испорачувањето на осомничениот убиец нема ништо. Тој се уште седи во притвор во турски затвор и чека да биде екстрадиран.

Без разлика дали во Македонија има или нема ѓуленисти, според статистиката на Министерството за правда, земјава има лошо искуство со есктрадиции од Турција.

Во последниве 5 години, Турција ни испорачала шестмина, а одбила екстрадиција за седуммина. Исто така во последните 5 години за преку 20-мина постапката за екстрадиција со Турција не е завршена, а за повеќе од триесет, Македонија чека нивна испорака повеќе и од 5 години. Додека Макеоднија е во исчекување осомничениот за убиството на малата ВАња и велешкиот фризер да застане пред лицето на правдата, утре Врховен ќе одлучува за притворот на татко на девојчето.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста