Градскиот стадион затворен за Вардар: Државата не му дозволува на најголемиот македонски клуб да игра во својот дом

Градскиот стадион затворен за Вардар: Државата не му дозволува на најголемиот македонски клуб да игра во својот дом

-Едноставно некој треба да одговори зошто на Вардар не му се дозволува да игра на Градскиот стадион, прашуваат од Вардар.

Државата не му дозволува на Вардар да игра на стадионот каде ги има испишано најсветлите страни од својата историја. Стадионот каде пред црвено- црните падна големиот Фенербахче, стадионот каде најтрофејниот македонски клуб за прв пат како претсавник на Македонија играше групна фаза во фудбалска Европа. 

Здружението „35 години вардарци“ кое во моментов раководи со клубот, во најтешките денови од неговото постоење, побарале од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор до крајот на сезоната да одиграат два натпревари на Арената Тодор Проески, за што испратиле и гаранција дека целосно ќе бидат исплатени двата термини. Сепак од државнот претпријатие ги одбиле, со образложение дека „35 години вардарци“ било здружение на граѓани, а не спортски клуб, па поради тоа не можеле да го изнајмат стадионот.

-Ние си наведовме во нашето барање дека уредно ќе си платиме. Не бараме да игра Вардар бесплатно кога знаеме дека ќе не одбијат, меѓутоа како што видовте вчера добивме еден дрзок негативен одговор би рекол. Бидејќи тие што ни го даваат одговорот ја знаат суштината на проблемот и методологијата на сите нешта што се случуваат околу ФК Вардар и Градскиот стадион, изјави Миленковски.

Она што е чудно во одлуката на ПУИГ е што стадионот често бил изнајмуван и на продукции за одржување концерти, иако не се спортски клубови. Милорад Миленковски, еден од оние кои раководат со Вардар во моментов вели дека решението е едноставно, здружението кое раководи со Вардар ќе го откупи терминот, па ќе му го подари на клубот. Сепак од државното претпријатие одговорот останал негативен.

-Техниката е едноставна, договор склучуваат здружението „35 години вардарци“ со АД за Стопанисување со станбен и деловен простор, односно ПУИГ, односно терминот го изнајмуваме ние, му го подаруваме на Вардар, а зошто е тоа така, затоа што ние имаме преседан каде што овој стадион се користи за нефудбалски намени и за немузички настани и врз основ на тој преседан се повикуваме ние, изјави Миленковски.

Според Миленковски ситуацијата е уште почудна, бидејќи на тој начин Вардар веќе два пати настапувал на Арената Тодор Проески. Прашува зошто тогаш било дозволено, а сега не.

-Да се навратиме дека Вардар тука играше два пати откако испадна од Првата лига во 2021-та година и тоа натпреварот против Охрид пред две години и Вардар- Железничар, по повод јубилејот 35 години Комити и 75 години ФЈ Вардар. Не знам врз основ кој принцип тогаш ни беше одобрено, па сега да не ни биде одобрено, изјави Миленковски.

Инаку, клубот е со блокирана сметка и долг од 3 милиони евра, во најголем дел кон државата. За решение на овој проблем од клубот подолго време барааат од државата репрогамирање, со цел во текот на неколку години да ги исчистат своите доспеани обврски.  

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста