Тетовци започнаа со специфичните бадникарски адети

Тетовци со своите специфични адети го започнаа славењето на Бадник. Празнувањето традиционално започна утрото во манастирскиот комплекс Св. Георгиј во Мала Речица,каде се прережаа кумските погачи и се осветија бадниковите гранки.

Вечерва низ сите тетовски маала,се пали бадниковиот оган, а верниците со посна трпеза и музика, до доцна вечерта го исчекуваат Христовото раѓање.Палењето оган на денешен ден,е традиција започната токму во овој Манастир,кој е споменик  на културата од 14 век.Во своето постоење црквата  неколку пати била уништувана. Последен пат запалена до темел,за време на кофликтот во 2001.Но,иако се наоѓа во средина каде живее исклуличиво муслиманско население,сега соживотот и взаемната почит е голема.

Што се случило се случило, тоа го направиле дојденци,не месното население.Немавме никакви пречки при обновата, дури дел од нив и ни помагаа при самата обнова на црквата – рече Мирослав Илиевски-Манастирско настојателство.

По повторното обновување на ова светилиште,секоја година верниците се се побројни.Посакаа здравје, мир и благосостојба.

Она што е највпечатливо за празнувањето на Бадник во Тетово, е маскирањето.Вечерва ,сите под маски,и деца и возрасни,ќе го дочекаат Христовото раѓање.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста