Повисока дневница од 50% до 250% за работниците на празник, во спротивно казна за газдата

Денешниот ден – Божик, кој традиционално се празнува дома, со најблиските, но и забраната за работа на државни празници, како да го ставија Скопје на пауза. Спуштени ролетни на маркетите, затворени  дуќани. Работеа само оние, кои мораат.

Затворени дуќани, угостителски објекти, маркети, празни улици. Ваква беше денешната празнична слика во Скопје. Фирмите кои не се опфатени како исклучоци за неработен ден според Законот за трговија не смеат да работат во недела, но и на државен празник, велат од Министерството за труд и социјала.

Работодавачите, кои согласно законот смеат да работат, до Трудовиот инспекторат мора да поднесат листа, колку луѓе ќе работат тој ден. Потоа, инспекциите ќе проверуваат дали работниците добиле повисока дневница. Алфа направи обикола низ главниот град. Речиси секаде сликата беше иста. Затворени локали, дуќани, и без луѓе по улиците. Ваква е сликата во центарот на Скопје.

И во отворените трговски центри сликата е безмалку иста. Работат само оние фирми кои што мораат, како што се аптеките.

Синдикатите аперлираат до газдите – неработните денови и државните празници да им ги платат на работниците, иако знаат дека добар дел од нив се обидуваат да го изиграат законот.

  • На оние работниците кои се во наведените исклучоци им укажуваме дека имаат право на вкупно 250% дневница за работа на празник, потенцира за Алфа Игор Герасов, Претседателот на гранковиот синдикат на индустријата при ССМ.

Герасов вели ако работникот не добие повисока празнична дневница за над 50%, може анонимно да го пријави работодавачот до ССМ, по што инспекцијата веднаш ќе реагира. 

Согласно законот за работни односи, неопоходни се над 40 дејности и тие мора да работат во недела. Тие газди ќе мора на работниците да им исплатат дневница од 50% до 250%. Согалсно  законот за трговија пак, продавниците и маркетите ќе можат да работата само во трговсните центри со површина поголема од 8.000 квадрати. Според очекувањата на креаторите на законот, со измените се околу 92% од работниците ќе одмараат во недела.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста