ССМ: Работниците што ќе работат на празник имаат право на дневница од 250%
Православните верници кои утре ќе да работат треба да добијат повисоки дневници, аперлика најголемиот и синдикат во земјава. Од ССМ ги потсетува газдите дека од почетокот на годинава почнаа да важат измените на Законот за трговја, согласно кои ако се работи во недела или на празници, треба да им дадат многу поголеми дневници на работниците. Работниците, пак, ги повикуваат да ги пријавуваат сите прекршувања на законот.
Потсетуваат дека деновите Бадник и Божик се празници, па оние работници што ќе работат на празник, имаат право на дневница од 250%.
Синдиктот има сомнежи дека голем дел од инспекторите на газдите им велеле дека за Бадник и за Божик, „ако работат сите работете и вие“, па затоа по градовите има многу најави дека сите големи супермаркети ќе работат, а не смеат согласно Законот за трговија.
- Ви укажуваме дека Закон за изменување и дополнување на Законот за трговија од Службен Весник од 27 декември, во член 4 предвидува дека ,,Tрговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно со закон.
Согласно соопштение на Министерството за труд и социјална политика се соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија, а 7 јануари 2022 година (петок) Божиќ е неработен ден за сите граѓани.
- Ако работодавачот не е во дејностите кои спаѓаат во исклучоците во кои по исклучок од ставот 4 на овој член, трговијата на мало може да се врши: 1) во специјализирани продавници или киосци за продажба на сладолед, колачи и апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари, во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност; 2) во продавниците на бензински станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун; 3) во продавници, киосци и штандови во трговските центри (молови) кои имаат минимална ефективна површина за трговија на мало од 8.000 м2; 4) на штандови и киосци каде што се продава добра за време на спортски настани, фестивали и манифестации, саеми и за време на јавната проекција на кинематографски дела; 5) во продавници за трговија на мало со храна (без зеленчук и овошје), пијалоци и тутун во кои трговијата се врши лично само од сопственикот на продавницата и 6) на зелени пазари, истиот не смее да работи на во недела на државен празник или на други празници определени со закон, велат од Сндикатот.
На оние работниците кои се во наведените исклучоци им укажуваат дека имаат право на вкупно 250% дневница за работа на празник.
- Укажуваме дека „Ако инспекторот на трудот при инспекцискиот надзор констатира дека кај работодавачот работи работник во недела и на празници, спротивно на членот 25 од овој закон, со решение на работодавачот ќе му забрани вршење на работа во работната просторија, односно работниот простор, каде е утврдена неправилноста, во траење од 15 дена и ќе му издаде прекршочен платен налог. Ако работодавачот не го прифати прекршочниот платен налог, надлежниот инспектор ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка, согласно со Законот за прекршоците, потенцираат од ССМ.
Од инспекцијата за Алфа велат дека нема да има вонредни контроли, зашто утрешниот е работен ден.
Државниот инспекторат за труд изготви соопштение за нејаснотиите околу тоа дали на празник трговијата и другите дејности можат да работат или не, откако се донесоа законските измени а прогласување на недела како неработен ден.
- Во врска со дилемата за примената на чл.4 став 4 од Законот за именување и дополнување на Законот за трговија за што до Државниот инспекторат за труд беа доставени бројни прашања, Ве информираме за следното: Во членот 4 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија а во врска со член 25 од Законот за трговија е наведено : “Трговија на големо и трговија на мало не може да се вршат во недела, како и на државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно со закон”. Во член 2 од Законот за празниците дефинирани се државните празници и празниците на РСМ. Согласно член 3 од наведениот закон овие празници се неработни денови за сите граѓани, информира ДИТ.
Се појаснува дека во контекст на наведеното членот 4 став 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија се однесува само на членот 2 од Законот за празниците и ги опфаќа само државните празници и празниците на РСМ кои се неработни за сите граѓани и на тие денови работодавачите не можат да вршат дејност трговија на големо и мало.
- Наведениот член не ги опфаќа и останатите верски празници и неработни денови за одредена категорија на граѓани од чл.4 од Законот за празниците на РСМ во кои денови работодавачите може да вршат дејност трговија на мало и големо.
За работа во државни празници и други празници кои се определени како неработни денови согласно чл.2 од Законот за празниците на РСМ, работодавачите на работниците се должни да им исплатат додаток од плата за работа на празник во висина од најмалку 100% за секој час поминат на работа, велат од ДИТ.