Тетовци против најавите за рекристрициите и можно враќање на полицискиот час

По најавите на министерот Венко Филипче, за можно враќање на рестриктивните мерки и полицискиот час, извесно е дека со нив ќе биде опфатен и тетовско-гостиварскиот регион,каде состојбата со вирусот сеуште е сериозна.Повеќето тетовци сметаат дека ова е веќе мајтапење со народот.Кои и да се мерките,велат,се веќе задоцнети, а полицискиот час, не би дал никакви резултати.

Додека се најавуваат нови мерки,но и најави за можно влошување на состојбата на есен,тетовските власти се опуштени,а кризен штаб не се одржал веќе две недели.

  • Кога почна олабавувањето на мерките пред два месеца, ставот на тетовската градоначалничка Теута Арифи, беше дека нема потреба од враќање на мерките, ниту на полицискиот час, кој според неа, не би имал ефект, ниту би дал резултати.

Арифи цело време досега остана на истото размислување-дека враќањето кон мерките не е решение, туку потребно е само будење на свесноста на граѓаните. Дали е сеуште на истиот став останавме без одговор,оти била преокупирана со работа и немала време за изјави.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста