Амбасадорите критикуваат, власта како да не сака да слушне дека Македонија се гуши во корупција

Амбасадорите критикуваат, власта како да не сака да слушне дека Македонија се гуши во корупција

Нова година – со познатите критики за високото ниво на криминал и корупција, неимплементирање на законите, вработувања под партиска капа, политичко влијание врз правосудниот систем.. Но, ниту една критика, никако да допре до македонските власти.

Не само Европската Унија, холандскиот амбасадор сè почесто, отворено ни кажува за назадувањето на владеење на правото, за што одговорни се политичарите. Дирк Јан Коп, невосмислено ја испрати пораката лично до лидерот на Интегративците, Али Ахмети, за влијанието врз органите кои треба да бидат независни. Коп пред само неколку месеци стави крај и на помошта на судскиот совет кои ги нараче нелигитимно тело, а изрази и сомнеж за договорот со „Бехтел и Енка“.

  • По две години постојан пад на владеењето на правото, посветеноста на Македонија за членство во ЕУ е загрозена низ политичкиот спектар.
    Исто така, неприфатливо е несоодветно политичко влијание врз позицијата на претседателот на Врховниот суд, што е судска работа и ќе предизвика силна реакција од Холандија“ напиша Коп.

Ќе дозволи ли Судскиот совет политиката сепак да одлучи за судбината на Беса Адеми? Во среда, комисијата ќе стави на вага дали недоаѓањето на претседателката на Врховен на седници и тоа што не им кажа кој вршел притисоци врз врховните судии  доволно тежи да биде разрешена.

За лошата состојба во највисокото судско тело, експертите но и меѓународната заедница зборуваат со месеци. Евроамбасадорот Дејвид Гир повторно потсети дека политиката се повеќе се меша во работата на судовите.

  • Ние сме ја изразиле нашата загриженост што се однесува на републичкиот судски совет, кој е во самото срце на судскиот систем во земјата. Исто така нашата загирженост која сме ја изразиле не се однесува само на однесувањето на судскиот совет туку исто така ЕУ има изразена загриженост во врска со сериозни наоди на надворешно политичко вмешување, дали во работата на републичкиот судски совет или во судството во генерала,“ рече вчера Гир.

И стратешкиот партнер не штеди на критики, но и на проширување на црната листа. Американската амбасадорка во неколку наврати потсетува дека и по инвестирани половина милијарда долари за владеењето на правото, подобрување не гледаат.

  • Сите ве уверувам дека ќе има и други имиња. Нема конкретна временска рамка кога ќе се објават, но како што нагласивме во земјава има епидемија на корупција и ќе продолжиме да адресираме уште имиња на црната листа“ – рече Агелер, американска амбасадорка 07.12.2023г.

Инаку ноемврискиот извештај на ЕК, голем дел од јавноста го толкува како најлош досега.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста