Столтенберг попладнево доаѓа во Скопје

Столтенберг попладнево доаѓа во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска попладне пристигнува во дводневна посета на Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан.

Официјалната посета, како што е најавено, Столтенберг ќе ја започне во Владата проследена со заедничка прес-конференција со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски, а попладне ќе се обрати и пред пратениците во Сообранието, по што ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски во неговиот кабинет.

Утре, во Скопје, ќе се одржи неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.

Столтенберг и Ковачевски, како што е најавено, ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија – премиерот Еди Рама, Република Хрватска – претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора – премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија – премиерот Роберт Голоб.

Турнејата низ регионот Столтенберг ја започне од Босна и Херцеговина во неделата, по што замина во посета на Косово. Денеска Столтенберг престојува во Србија, од каде попалдне ќе допатува во Скопје, како последна етапа од неговата турнеја низ земјите од Западниот Балкан.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста