Ковачевски за кампањата за ЕУ: Фантастични суми се два милиони евра за една статуа или еден милион за 3 врби

Ковачевски за кампањата за ЕУ: Фантастични суми се два милиони евра за една статуа или еден милион за 3 врби

  • „Кога ќе кажете фантастична сума, јас ќе ви дадам што е фантастична сума“ вели премиерот Ковачевски.

Што се 350 илјади евра ако си Димитар Ковачевски? Изгледа, сосема нормална сума народни пари кои ќе се потрошат за кампањата за предностите од членството во ЕУ, која ќе се поклои со веќе распишаните претседателски избори. Законите се испочитувани, тврди премиерот – за кого нема проблем, што владата на шест месеци пред избори ќе потроши уште над 354 илјади евра.

  • ЕУ кампањата нема да се совпадне со изборите, ниту некако ќе ги прекрши законските прописи, а фантастични суми се два милиона евра за една статуа на мостот „Гоце Делчев“ или еден милион евра за три врби во реката Вардар“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Илинденска уште во јануари годинава резервирала буџет што ќе треба да го потроши за рекламни видеа и спотови за убавината на членството во ЕУ- иако сите веќе го знаеме тоа. Ама власта, по еден пропаднат обид, сега на 6 месеци пред избори наоѓа фирма која ги исполнува условите.

Владиниот секретарјат договорот со „Вертиго НМЕ“ го склучува на 8 ноември а на 10 е објавен на сајтот за Јавни набавки.

И според потпишаното од договорните страни, кампањата треба да трае 45 дена откако фирмата би ги подготвила слоганот и логото.  Колку време и се дава да ги изработи, не е наведено во договорот. Ако, под претпоставка, тоа би биле 30 дена, кампањата би започнала некаде на средината на идниот месец, а би завршила неколку дена пред да почне изборната кампања за претседателските избори – кои тогаш веќе ќе бидат распишани.

Државната комисија за спречување корупција има укажувано токму на ваквите ненамерно или намерно местени датуми за кампањи финансирани од државната каса во предизборен период. Пред само две години, владата ја темпираше исплатата на парите од ТАВ програмата за инфраструктурни проекти за 36 општини точно пред локалните избори.

https://youtu.be/DL0zQf4tugU  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста