Софија провоцира, Брисел не игнорира – зошто власта не го крева гласот за непринципиелните политики?

Шефот на дипломатијата Бујар Османи не можел со сигурност да каже дали ќе се изнајде решение за спорот со Бугарија. По низата навреди од бугарска страна, но и молкот на ЕУ за сите провокации од источниот сосед, се чини дека се намалува оптимизмот во македонската влада. Но дилемата е зошто власта се уште не го крева гласот за тоа дека не добиваме речиси никаква поддршка од Унијата.

Не можам да кажам дали со сигурност ќе стигнеме до решение, бидејќи минатите години се случуват некои работи кои не оддалечуваат, очигледно бугарската влада се наоѓа во едни такви околности, поради војната во Украина, па не може да се насочи кон изнаоѓање решение – изјави министерот Османи.

Евроинтергративниот процес кој и така е блокиран, дополнително ќе се отежни ако Албанија го започне процесот на преговори сама – што е легитимна можност доколку Македонија не ја одржи првата меѓувладина конференција во јуни. За Османи, тоа би било разочарувачки.

За можно одвојување на Албанија од Македонија во однос на евроинтеграциите стана збор и вчера, на конференцијата за Западен Балкан. Оттаму директорката за проширување на ЕУ за МНР на Германија Сабине Штер ни порача дека ЕУ нема да ни помогне во решавање на спорот со Бугарија. Ова не е прва изјава на европските претставници која покажува дека Македонија е оставена сама на себе, тие постојано притискаат да се најде компромис меѓу двете земји, но без нивна асистенција.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста