Две години членство во НАТО – за Алијансата го дадовме името, дали за ЕУ ќе ги дадеме јазикот и историјата?!

Две години откако Македонија стана 30та членка на НАТО. Иако земјава уште во 1999 година со парав од Вашингтон стана кандидат за полноправна членка, Македонија дури откако го промени името, стана дел од најголемиот воено политички сојуз во светот. Патот се отвори откако беше потпишан Преспанскиот договор, кој резултираше со промена на уставното име во Северна Македонија, и покрај неуспешниот референдум, но со многу контроверзи во парламентот.

Договорот од Нивици требаше да ги отвори и портите кон ЕУ – сепак, реалноста не е ништо поразлична. Евроинтеграциите и по две години се закочени, сега поради бугарското вето. Спроед експертите, Македонија постојано е во ситуација да мора нешто да жртвува, овој пат идентитетот и јазикот, за да го оствари европскиот сон.

Жртвите кои Македонија ги даде на својот пат кон евро-атланската интеграција се преголеми, и ни една друга земја од овој блок, каде и природно припаѓаме, нема толку многу жртви направено. Мислам дека тука треба да се реагира, бидејќи ова не може да оди до недоглед вели поранешниот амбасадор Оливер Шамбевски.

Но не само Преспанскиот, власта го потпиша и Договорот за добрососедство, надевајќи се дека Бугарија ќе даде зелено светло – сега реалноста е поинаква. Уцени и навреди од Бугарија,  игнорантски однос од ЕУ и молк од власта. Зошто владините претставници гаат надежи, кога тешко е да е се верува дека во брзо време ќе ги стартуваме преговорите – прашува поранешниот амбасадор Ристо Никовски

Се тоа што се случува од страна на Брисел е неприфатливо, понижувачко, но добар дел за тоа вината ја сносиме и самите, бидејќи не се бориме за нашите права, најдобар пример е последниот, со Бугарија, кога тие не навредуваат, понижуваат а ние им се додворуваме. Ако не си ги побарате вашите права, нема никој да ви ги додели вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Членството во НАТО, и се уште неисполнетото, членство во ЕУ се стратешка цел на државава, но дали беше потребно толку да се жртвува, е нејасно. Долгогодишниот спор со Грција се реши дури откако Македонија го промени уставното име, иако на Референдумот кој се одржа не беше постигнат потребниот цензус – бидејќи беа излезени само 37, наместо 50% од вкупниот број регистрирани гласачи.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста