Фудбалските херои ја израдуваа цела Македонија

Достоинствено пречекани храбрите момци кои ја поразија Италија на домашен терен. Македонската фудбалска репрезентација донесе уште еден голем успех и причина за славење – граѓаните не го кријат задоволството и веруваат дека ќе Македонија ќе се пласира на Светското првенство.

Пречек имаше и на скопскиот аеродром. Селекторот Благоја Милевски верува дека нашите херои ќе ја поминат и последната пречка која не дели од сонот во Катар.

Мотивот и мислата да се побди секој натпревар е тука, е присутен, иначе не би се занимавале со оваа работа. Фер и коректно да се надевате на победа без разлика против кого играте – изјави селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски.

Со голот на Трајковски во втората минута од продолжението, за прв пат во историјата Италија беше поразена на домашен терен во мундијалски квалификации. Тој ја донесе топката која ја затресе мрежата на противничкиот гол.

„Среќен сум што со победата се израдува цела Македонија, а потоа за фактот дека јас го постигнав тој победнички гол, на стадионот на кој минав четири прекрасни години. Сега уживаме, а по наредната средба ќе видиме – изјави Александар Трајковски.

Кога ќе имаш ваков тип на утакмица, еуфоријата излегува од тебе, даваме се од себе, јас сум среќен за сите овие дечки се трудат и ете постигаме добри резултати – изјави капитенот Стефан Ристовски.

Црвено жолтите во вторник ќе се натпреваруваат со Португалија во Порто а победникот ќе патува во Катар кон крајот на годинава.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста