Скопје станува опасно место за живеење: Полицијата не може да го „реши“ подземјето

Скопје станува опасно место за живеење: Полицијата не може да го „реши“ подземјето

Скопје наликува на Белград во 90-тите, полицијата нема контрола ниту врз наркодилерите, ниту врз оние кои се занимаваат со трговија со луѓе, ниту врз оние кои перат пари. Најголем пораз на македонската полиција е што не може да разреши ниту едно убиство, ниту пак обид за убиство, случаи кои станаа речиси секојдневие во Македонија последниов период, вели за Алфа поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски. Според него тоа ја покажува неспособноста на МВР, иако вели има голем број професионалци кои работеле и работат во македонската полиција.   

-Македонската полиција го нема под контрола организираниот криминал и организираните криминални групи, особено трговијата со дрога, особено трговијата со луѓе, особено и трговијата со луѓе итн итн. Истовремено и перењето на пари, зошто истовремено се зборува дека Македонија стана меѓународна перална на пари. И точно е дека Македонија наликува на оние пресметки во подземјето во Србија, белградските, земунските кланови итн, на пресметките кои што 96-та беа во Република Бугарија, изјави Ѓурчевски.

Полицијата информираше дека нашла ДНК од напаѓачот во Ист Гејт кој сред бел ден извади пиштол и пукаше во трговскиот центар. Според Ѓурчевски ова е смешно бидејќи мвр треба да го најде сторителот.

-Смешно или страшно ќе беше ако увидните екипи кои што го вршеле увидот на лице место не успеале да подигнат во таква ситуација кога точно гледаат каде фаќа сторителот, што фаќа сторилетол, да не подигнат ДНК за понатамошна анализа. Не се трудеше многу многу да го сокрие својот идентитет, исто така бил присутен во спортска обложувалница во близина на местото на сторувањето на кривичното дело, изјави Ѓурчевски.

Вели посебен проблем е случајот со нападнатиот Раде Трајковски Штекли, кој  во краток период е нападнат со огнено оружје на исто место.

Тој е маркирана жртва и додека не биде целосно ликвидиран, мислам дека нема да го остаат на раат, а нема да му вдозволат да се откупи, затоа што ако договореа откуп што ретко се случува во пресметките меѓу организираните мафии, затоа што во период од два месеци има два напади со оружје врз исто лице, изјави Ѓурчевски.

Инаку, во последниов период во државава имаме неколку неразрешени убиства и вооружени слуачаи, за кои постојат сомнеж дека масло на скопското подземје. Се уште не се знае кој го уби Јетон Кривањева Жила, ниту пак се знае кој се сторители кај неколку вооружени инциденти, како на пример кај Александар Палас или убиството на Рузвелтова кај поранешното СЈО.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста