Полицаец нападнал полицаец: Бодигард на заменикот на Спасовски нападнал колега бидејќи не го пуштил да го види својот брат кој од затвор бил донесен на Ургентен

Полицаец нападнал полицаец: Бодигард на заменикот на Спасовски нападнал колега бидејќи не го пуштил да го види својот брат кој од затвор бил донесен на Ургентен

Бидејќи не смеел да го види својот брат кој од затвор бил донесен на Ургентен, бодигард на заменикот на Оливер Спасовски, нападнал свој колега полицаец од Интервентна полиција, дознава Алфа од неофицијални извори. Според прописите и правилата кога човек од затвор се носи на лекарски преглед не смее да има посета од никого, што за бодигардот на Назим Буши очигледно не важело.

Дека имало напад на полициаец од страна на обезбедување на висок функционер во МВР, прв обелодени екс министерот наќе Чулев. 

-Јавно го прашувам Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи, дали е точно дека лице кое работи како обезбедување на висок функционер во оваа институција, нападнало припадник на интервентната полиција, кој завршил со тешки телесни повреди? Воедно, го повикувам Оливер Спасовски да даде одговор, каде се случил конкретниот настан и зошто посочено лице – напаѓач во тој момент присуствувало на место каде пристап имаат лица со посебни овластувања?, прашува Чулев.

Од МВР  потврдуваат дека се случил инцидентот и информираа дека е поведена дисциплинска постапка против лицето кое нападнало и најавија кривична.

-Осомничениот С.С. е приведен и со него е извршен службен разговор. Одземен му е службениот пиштол и известен јавен обвинител, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело спречување на службено лице при вршење на службено дејствие и ќе биде поведена дисциплинска постапка, велат од МВР.

Инаку, името на Назим Буши не се појавува прв пат во јавноста, пред само помалку од година актуелно беше дека синот на заменик министерот за внатрешни работи без дозвола и контра законите возел автомобил со полициски флешери, а бил фатен при контрола во скопско Визбегово.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста