Скопје остана без својот култен симбол – до темел изгоре култната Универзална сала

Скопје остана без својот култен симбол – до темел изгоре култната Универзална сала

Пламените јазици до темел го изгореа симболот на Скопје – Универзална сала. Нема жртви ниту повредени, само две жени завршиле на Токсикологија поради вдишен чад. Како што информира МВР, приведени се тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот. Пожарникарите велат дека тешка била борбата со огнената стихија, но за среќа пожарот е целосно изгаснат.

„Веднаш беа испратени две противпожарни возила од блискиот потцентар во населбата Тафталиџе коишто уште при доаѓањето забележаа висок столб од чад и веднаш побараа дополнителна помош“, вели Ѕвонко Томески, командир на скопската противпожарна бригада.

Според фирмата изведувач,причините за избивањето на пожарот е стара инсталација, но не се исклучува можноста и да е човечки фактор.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вели дека ќе се продолжи со градбата штом се утврдат причините за пожарот.

Тука со нас се присутни претставници од надзорот, од изведувачите, од фирмата која ја гради Универзална сала. Апелирам за брзо расчистување за тоа кои се причините за пожарот. Апелирам и на тоа да не се шират шпекулации. Нема жртви, нема починати лица, целиот објект беше празен. Направена е материјална штета која што најбрзо ќе се утврди колкава е, пред да се продолжи со градба“вели Костадиновска-Стојчевска.

Мојот најголем страв беше дека еден ден ќе се случи пожар вели поранешниот директор на Универзална. Тоја кажа дека прва информација која што ја примил кога станал директор, била дека сличен проект или ист таков, бидејќи е бугарски проект, во Бугарија изгорел за седум минути.

„Можете ли да замислите каква трагедија би била во случај на преполна сала. Тоа беше мојот најголем страв дека еден ден ќе се случи пожар и навистина се случи, но за среќа веројатно без човечки жртви денеска и без повредени луѓе. Навивам да е така. Универзална сала беше синоним за сите луѓе во Македонија, веројатно најпознатиот објект, попрепознатлив и од Старата железничка станица и од Зоолошка градина и од сите објекти во оваа држава” вели Душко Поповски – поранешен директор на Универзална сала.

Салата беше во фаза на реконструкција а пред само две недели беше поставена новата купола. Реконструкцијата ја започна поранешниот градоначалник Петре Шилегов, но сегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска не ја продолжи. Во февруари годинава, реконструкцијата на салата од Градот Скопје ја презема Министерството за култура.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста