Што ја одбележа економијата во 2023

Што ја одбележа економијата во 2023

Топло – ладно цела година . Владата во заминување ни во 2023 година не успеа да го најде рецептот да ја поддобри економската слика и стандардот на граѓаните .  

Замрзни – одмрзни  – замрзни – во обид да се заузда инфлацијата се носеа и укинуваа мерки за граѓаните и фирмите кои ниту долгорочно ја стабилизираа економијата , ниту ја подобрија живеачката .   „ Загарантираната цена “ која ја воведе Владата доведе и до затворање на маркети

На крајот се договорија некако на Илинденска , мерките кои ги кроеа со месеци ги донесеаа половина година пред извори со важност речиси до денот на гласањето  и тоа уште повеќе ги изреволтира работниците и пензионерите .

Не само пензионерите . 2023 ќе остане година запаметена како година на протести – на улица правата си ги бараа сите судови, јавните обвинителства, здравствените работници , речиси цел јавен сектор  царинската управа .

Пред да ги донесат предизборните мерки, Владата не „ почасти“ со луксузна листа во која се најдоа производи  како чајот, мастиките, цвеклото  . Владата влезе во улога на нутриционист, па   поскапувањата си ги оправда со тоа дека се грижеле за здравјето на граѓаните

Настана вистинска збрка , граѓаните не знаеа што е луксуз , а што е нездраво да јадат ?

Подоцна ја ревидираа листата , ама не се откажаа од солидарниот данок кој исто беше дел од даночната реформа , па ги „казнија“ успешните компании среде криза .

И додека собираа пари од граѓаните и од компаниите никако не се откажаа од нивните покачени плати за 78 отсто. Веројатно и затоа цело време не убедуваат дека во Македонија има добри примања , со толкави плати сигурно е дека добро се живее

Додека  граѓаните се мислат како ќе го поминат месецот, Владата пари не жали за тендери и договори .  Година пројде цела , автопат пак не видовме . Се потпиша еден од најконтроверзните договори за изградба на коридор 8 и 10 д, во сите можни извештаи беше искритикуван, ама Владата мува не ја лази , милиони по милиони летаат на сметката на „ Бехтел и Енка“

И навистина ни приреди уште неколку вакви забави за радување , имавме и шарена експлозија

Ама автопат од Охрид до Кичево уште немаме, а ни одговорен зошто 57 километри се возат како ролеркостер

Пари има за тендери, непродуктивни трошења , расфрлање со народното за да сме се покажеле пред светот како што беше за самитот на ОБСЕ, ама за зголемување на платите ќе требало да се крати на учебници .

На крајот на годината  добивме и новогодишна честитка за следните сметки на струја, а овој пат со нова ставка , за која властите велат била правична . Веселата математика за новите сметки се уште никој не ја разбра

Ја испративме старата година со инфлација од 3.1 % , со зголемени плати но само на хартија, а во суштина со влошен животен стандард . Останаа многу неостварени желби за идната година –  да има повеќе работа за компаниите, повеќе пари за граѓаните и подобар живот за сите во Македонија .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста