Охрид подготвен за Новата Година

Подготвен за новогодишен дочек,бајковитиот град ги живее последните часови од годинава. Под ѕвездено небо од илјадници светилки,нашиот туристички центар толку мал,сепак наликува на светска метропола, а во него уживаат покрај домашните и гостите од опкружувањето.

-“ Јас последен пат бев во Охрид во 91-ва и од тогаш го носам во срцето.Ова е вистинска прилика повторно да прошетам низ прекрасниот Охрид и да уживам; -Јас дојдов да ги евоцирам спомените, последен пат бев овде пред 46 години и ова ми беше одлична можност да дојдам со пријателките и убаво да си ја дочекаме новата година; -Како подарок за нова година момчето ми купи охридски бисер,навистина сум пресреќна.Желно очекував да дојдам овде, прекрасно, е како во бајка ; -Јел ќе да буде прстен неки ? Ак не биде оваа ќе биде идната.Иначе Охрид е преубав, впечатоците се убави.Не е скапо,цените се приступачни.Им препорачувам на сите да дојдат во Охрид

Убавото време го наполни шеталиштето,а во препознатлива празнична врева, врие плоташтадот и чаршијата со детски џагор и насмеани ведри лица. На плоштадот се’ е подготвено за најлудата ноќ, иако  има време за бакнежи и прегратки,за охираѓани забавата започна уште на пладне.

-Расположени луѓе, полни кафеани и меани, одлично е.Каде ќе ја дочекате новата година? Во домашна атмосфера со малку поголемо друштво.Се има пари за богата софра или поскромно? За нова година ќе се најде секогаш,важно е друштвото, важно е славјето; -Си истрчавме едно 5-че што би рекле ние а вечер се раззбира на плоштад, охриѓани треба да слават на плоштад; – Која е твоја новогодишна желба ? Да станам фудбалер

На гостите нема да им недостига забава, на гратскиот плоштад во преубавиот езерски амбиент, во новата 2024-та година ќе не внесат групата ДНК,Нино Величковски и ред други естрадни уметници.Секој што ќе се затекне во Охрид овие празнични денови, нашите сограѓани срдечно  ќе го поздрават и од оваа убавина и покрај сите грижи, ќе му посакаат: здравје, среќа, љубов, душевен мир и благосостојба.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста