Само од патарини се инкасирани 46,4 милиони евра лани, 12,1 милиони повеќе од 2020



Од април нови давачки за граѓаните од Истокот. Патувањето до Скопје по автопатот „Миладиновци„ќе им биде само брзо, но не и евтино. Пуштањето на двете нови патарини ќе ги замати сметките на возачите. Едната патарина е  кај село Преод. За автомобил ќе се плаќа 70денари, а другата кај село Кадрифаково и ќе чини 50денари во еден правец. По оваа математика наместо досегашните 80, патарините во двата правца би чинеле 320денари,што е о околу 50% од сумата што ќе се потроши за гориво од Штип до Скопје и назад.

  „ Тоа се големи давачки. За патарини ќе треба да дадам околу 50-60% од сумата што че ја потрошам  за гориво од Штип до Скопје и назад„-вели такси-возач во Штип. 

Граѓаните реагираат за изгор скапиот тарифник. Според нив е некоректно на автопат со должина од седумдесетина километри да има две патарини..

  „Мора да има патарини. Така се одржуваат патиштата, но цените нека бидат малку пореални. Што е многу, многу .Вистински грабеж„-коментираат граѓани на Штип.

Надлежните се категорични намалување нема да има. Според Законот за државни патишта е определено 2,57денари по километар. Македонија спаѓа во групата на земји со високи цени за патарина. Како илустрација граѓаните кои би патувале од Скопје до Игуменица за извозени 529кулометри че треба да платат 13,80евра за патарина, од кои 180ден. или околу 3 евра се за патарини во Македонија.

Анализите покажуваат дека годината што помина  Јавното претпријатие за државни патишта ја заврши со рекордерна наплата на патарини.  Успеале да инкасират над 46,4милиони евра, што е за 12,1милон евра повече во однос на 2020година.

Александра Ристевска

https://www.youtube.com/watch?v=OWhx66LM3K8
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста