Време е да звони алармот за загаденоста,во спротивно скапо ќе не чини

Ниту еден чекор не е направен за намалување на аерозагадувањето,нема ништо од гасификацијата, ништо решено со сообраќајот, нема нови зелени површини,нема мерки и решенија.Уште една година без резултати во проблемот со загадениот воздух.Екологистите предупредуваат дека оваа несериозност скапо ќе не чини.Доста е велат со ветувања,годинава мора загадувањето да биде приоритет.

Не знам кога треба да звони алармот за Македонија да свати дека климаткста криза е убиство и ќе не чини многу,многу. Ние секогаш за нашите неуспеси како држава ги обвинуваме другите,секогаш  виновни ни се Грција, Бугарија, Србија, Албанија не знам кој.. Ние како држава не сме успеале никогаш да изградиме сет вредносни, за да бидеме и ние горди на тие вредности и да работиме нешто за самите нас, не за ЕУ и за другите-вели Аријанит  Џафери – Еко герила.

Периодов во Тетово, особено навечер едвај се дише.Градот се чини е прекирен со чад.Граѓаните ниту паметат дека нешто е преземено, ниту имаат некој надежи дека властите годинава, сериозно ќе размислуваат за проблемот со загадувањето.

Додека се редат само ветувања, народот веќе го плаќа данокот од загадениот воздух. Последниве години енормно е зголемен бројот на лица, и деца и возрасни, кои имаат белодробни заболувања,односно проблеми со дишните патишта.Додека се апелира дека ни треба здрава нација,ние само успеваме неславно да се прославиме-како држава која е меѓу првите во светот по загаденост.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста