Штипјани разочарани од годината што измина, но оптимисти за 2022

Подобар живот, просперитет, многу здравје се желбите кои сите меѓусебе си ги посакавме. 2021 беше тешка година!-категорични се граѓаните. Стравуваат дека годината што почна ќе биде уште потешка. Наглото покачување на цените на храната, струјата, парното  допрва ќе ги осиромаши граѓаните.

„Оваа година не ми остави впечаток. Годинава беше тешка, поскувам да биде добра за сите„-коментираат граѓаните. Другите се децидни дека не очекува уште полоша и потешка година.

Надеж за подобра иднина имавме и лани ова време кога си посакувавме пандемијата да успори, а економијата да расте, коментираат граѓаните. За нив годината што измина ќе биде запаметена по многуте искушенија пред кои и како држава и народ бевме поставени, по енергетската криза, како и по пожарите и поплавите.

„Годината ќе ја запаметиме по сиромаштијата, поплавите, енергетската криза, лошот владеење на власта. Беше катастрофална година за нас„-коментираат граѓаните

Не се оптимисти и аналитичарите. Тие анализираат дека во 2022  ќе нема позначителни промени ви економијата. Сепак во наредните две години се очекува постепено надминување на кризата и закрепнување на економијата. 

Александра Ристевска

https://youtu.be/ztmKE5lVLP4
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста