Родителите преку претставки бараат повлекување на материјалите за учење за 1 и 4-то одделение

Повлекување на спорните материјали за учење за прво и четтврто одделение по новата наставна програма побараа родителите од „Граѓанската иницијатива Учебници и настава мора да има“ преку претставки до Министерството за образование и наука и Владата.  Втората претставка родителите ја поднеле за кршење на уставните и законски права на децата од страна на министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.  За ова испратиле и доказен материјал. На премиерот Зоран Заев и на министерката Царовска им даваат рок од 15 дена да им одговорат на претставката и да започнат повлекување на спорните материјали,  во спротивно велат ќе се обратат до  Уставниот суд и Обвинителството. 

Го известуваме премиерот Зоран Заев дека до него, сите доказни материјали, и од него бараме да ја дресира одговорноста кај ресорната министерка и да побара од неа неотповиклива оставка. Дополнително ве известуваме дека оваа информација ќе ја проследиме и до меѓународните институции преку нивните дипломатски претставништва.

Родителите гледаат бројни причини зошто материјалилите по новата програма треба да бидат повлечени од употреба. Доказите кои ги доставиле денеска велат се мислења од стручни лица, анкета од родители и докази од над 100 училишта со кои се потврдуваат нивните тврдења.

Морам да кажам дека има текстови на анонимни автори кои не содржат ништо едукативно. Историјата како податок, кој што историски докажано и потврдена, во некои текстови се бришат тие факти кои  во минатото постоеле и кои што ние сме ги изучувале. Со една реченица можам да кажам дека се отргнати општествените вредности на едно општество, и нашата нација која што децата треба да ја спознаат и историјата тие факти се избришани и не се добро објаснети во учебниците.

Претходно, истите претставки  ги доставија и до Државната комисија за спречување на корупција и Народниот правобранител, од каде алармираа МОН да ги земе предвид барањата на родителите.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста