Прва неработна недела – за другите задолжителна дневница, инспекторите делат високи казни

92 проценти од работниците во државава денеска ќе останат дома наместо на нивните работни места – стапува на сила новиот Закон кој предвидува недела да биде неработен ден. Клуч на врата на голем број продавници и маркети, со исклучоци на трговските центри, супер маркетите, рестораните кои подготвуваат и служат храна. Следната недела нема да работат ниту кафулињата. Покрај ограничувањето за работа во недела во трговијата на големо и мало, ограничено е и работењето во празник.

Граѓаните ги поздравија законските измени.

Сојузот на синдикати не го крие задоволството – после долга борба, конечно Законот стапи на сила, сепак посочуваат и на неисполнетите барања.

Не беше прифатен предлогот на ССМ за работниците кои работат во недела, да го искористат следниот ден како неделен одмор и заради прекршувањето на законските одредби да се затвори целата компанија а не само работната просторија каде е сторено прекршувањето – велат од ССМ.

За дејностите кои ќе работат и во недела, работодавачите мора да го известат Државниот инспекторат за труд.

8 % од работниците кои се во дејностите во кои не може да се прекине работниот процес, ќе добијат додатокот на плата за работа во недела во износ од најмалку 50% , додека дневницата на вработените кои се ангажирани во трговијата ќе биде за 100 проценти поголема .

Инспекторите излегоа на терен и повикаа на пријавување нерегуларности. При инспекциските надзори приоритет ќе биде доследна примена на законските норми, а со цел заштита на работничките права.

Тие што ќе работат во недела, а не се во исклучоците, ќе добијат забрана за работа од 15 дена, доколку прекршокот го повторат, забраната ќе се зголеми на 30 дена со што ќе добијат и прекршочен платен налог.

Исклучок од Законот се трговските центри, освен Градскиот трговски центар, киосци, продавници на бензински станици, зелените пазари, продавници за трговија на мало со храна, без зеленчук и овошје, во кои дејноста се врши лично само од сопственикот.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста