ПРВ СЛУЧАЈ НА ЗАБОЛЕН ОД КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА

Корона вирусот пристигна и во Македонија. Се работи за жена, која се вратила од Италија, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на вонредна прес-конфеенција.
Биле извршени сите лабораториски тестирања на пациентката кои покажале дека таа е позитивна на корона вирсусот.

„Нема простор за паника. Пациентката е во стабилна состојба. Таа била еден месец во Италија, веќе две недели е болна и во Италија не била тестирана за корона и по пристигнување нво земјава, веднаш се пријавила на клиниката. Сметаме дека периодот на инкубација е поминат.“ – рече Филипче.

Министерот упати апел до сите институции, кои имаат вработени кои патувале во Италија, да не ги примаат вработените на работните места, туку да останат дома 14 дена во карантин.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста