Предизборен „домаќинлук“ – власта не се откажува да се вози луксузно

Предизборен „домаќинлук“ – власта не се откажува да се вози луксузно

За Владата нема ништо спорно што во предизборие, кога 600 илјади граѓани живеат со 150 денари на ден,  возниот парк на Илинденска ќе добие нови 45 лимузини за кои ќе се потрошат 1.6 милиони евра. Се правдаат дека трошењето милиони евра народни пари пред избори било предвидено со програма на Влада.

Тоа е во среднорочниот план, се знае на колку километри се менуваат службените возила и не се набавуваат сега. Мислам дека би требало во ноември да бидат набавени кога реално ќе се случи реализацијата, но бидејќи е во редовниот план за набавки, во програмите, независно на изборниот процес, државата и институциите функционираат, вели Битиќи.

Инаку скандалозната набавка која предизвика револт кај граѓаните предвидува возилата да бидат  дизел, од минимум  2,000 сантиметри кубни моторна зафатнина, со црна или металик боја, автоматик, со минимум 7 брзини, сензори за паркирање и 6 воздушни перничиња. Понудата нема да биде прифатена ако цената е невообичаено ниска, но  сепак –  ако понудувачот докаже дека користи субвенции од државата и понуди невообачаено ниска цена, понудата ќе се прифати.Иако возилата нема да останат во сопственост на државата , според Битиќи лизингот бил најисплатлив.

Од моето искуство надвор од политиката, оперативниот лизинг во целиот свет е најупотребуваниот механизам за службени возила затоа што долгорочно трошоците за одржување се многу помали. Во ЕУ над 90 отсто од службените возила се преку оперативен лизинг. Возилата ќе се набават во ноемви бидејќи ова е активност во редовен план за набавки, тоа е во програмата на Владата, независно од изборниот процес. СОЗР распишува набавка во одреден момент кога ќе се достигне планираната километража“, истакна Битиќи.

Во претходниот тригодишен циклус Владата набави 45 луксузни возила „шкода суперб“  во вредност од 1,5 милион евра, без ДДВ. Месечниот лизинг за едно возило, според договорот, изнесуваше 60 илјади денари со вклучен ДДВ, а вкупната цена на едно возило достигнуваше околу 40 илјади евра.

И покрај ваквите огромни нававки при секоја поголема манифестација Владата сепак набавува возила како за самитот на ОБСЕ. За конференцијата  МНР потроши 600.000 евра за изнајмување луксузни автомобили.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста