„Правда за уставобранителите“ – Протест за осудените за 27-ми април

„Бараме од Врховниот суд да ги укине пресудите, да го поништи судењето и да има ново судење бидејќи пресудите се базираат на лажни сведочења. Бараме оставка на Владата, распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори“ –порачаа организираторите на протестот за „Слобода на уставобанителите“.Неколку илјади граѓани протестираа за ослободување на осудените за собраниските настаните од  27 април 2017 година. Протестот започна пред Владата, а заврши пред законодавниот дом со читање на Декларација. Обвиненијата за тероризам според учениците на протестот, се политички монтирани. 

„Македонците по род во светот и во Татковината, бараат од Врховниот суд безусловно ослободување на сите кои се осудени и понушување на пресудите во политички монитраниот процес “-рече Дурловски.

-„Бараме правично судење”, „Издржи тато”, „Ченто Прилеп е со тебе”  – ова беа дел од транспарентикои ги носеа роднини и членови на семејствата на осудените. 

Протестот го организираа македонските заедници и организации од дијаспората, а го  поддржа и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски смета чашата ја прилило, именувањето на Кацарска за претседател на Уставниот Суд.

„Уставобранителите се осудени за тоа што го нарачал Заев, а наградата за Кацарска е Уставниот суд. Процесот мора да се врати отпочеток и да не си игра Заев со трпението на народот. Народот е на работ на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесуваат Зоран Заев и Владата на СДСМ, јас се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе. Мојата порака до нив е да не си играат со трпението на народот затоа што тоа трпение има и свој крај. Нашето барање е да се врати процесот отпочеток и да се судат за тоа што навистина го погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за денеска Кацарска да стане претседателка на Уставниот суд“, рече Мицкоски.

За настаните на  27 април 2017 година , 16 луѓе завршија зад решетки –  осудени на затворски казни од над  вкупно 200 години за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок”.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста