ЗНМ и МАН: Недозволив е притисокот на власта кон критичките медиуми

Новинарските здруженија со низа критика кон премиерот Заев, кој за коментарите на новинарите на ТВ Алфа рече дека биле апла како да се излезени од ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот човек на Владата зборуваше дека е поборник за слободата на медиумите, а сега дава квалификации кој новинар каков бил.

Од Македонската Асоцијација на новинари велат дека односот на власта кон новинарите, особено редакциите и новинарите кои се критички настроени кон оваа власт, станува брутален притисок, со користење и злоупотреба на државни институции за задушување и казнување на критицизмот. Власта, овие медиуми  ги доживува како свои непријатели, посочуваат од МАН.

Последниот пример е злоупотреба на МВР, УЈП и финансиска полиција за упадот во Тв Алфа и држење во страв и неизвесност на новинарите и компанијата, затоа што власта ги смета за опозиција на нивното владеење.

Да потсетиме, оваа власт иницираше смена на тројца главни уредници на националчни телевизии, а четвртата националната ТВ Алфа им е следна цел-велат од Македонската Асоцијација на новинари.

Реагираа и од ЗНМ, од здружението на новинари за коментарите на премиерот велат дека не е довзоливо Заев да дава квалификации за медиумите.

Премиерот по промената на власта неколку пати јавно укажа дека новинарите треба да ја критикуваат работата на власта и будно да ги следат чекорите на оние кои ги креираат јавните политики. Како највисок носител на јавна функција сметаме дека треба да ги почитува сите медиуми и новинари и не е дозволиво да дава квалификации кои може да се толкуваат во јавноста како отворање на фронт кон новинарите, велат во ЗНМ.

Од ЗНМ велат дека ќе продолжат да го следат процесот, работењето на истражните органи и очекуваат  од претставнциите на власта да се воздржат од изјави кои можат да бидат двосмислено толкувани.

Инаку вчера премиерот Заев прашан за огромните контроли во телевизијата рече дека ќе се направеле записници и ќе се костатирало дали има или нема недостатоци. Факт било, како што кажа, дека кментарите на новинарите во нашата телевизија биле опозициони и апла како да се излезени од ВМРО-ДПМНЕ., па затоа решил и да не се појавувал како гостин во ТВ АЛФА..

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста