Не само донација од 50 илјади вакцини, Бугарија ќе отвори и два пункта за вакцинација во Македонија

Бугарија покрај донација со вакцини, на Македонија ќе и помогне и со два вакцинални пункта во два различни градови. Ова за Алфа ексклузивно го открива бугарскиот филантроп Милен Врабевски.

“Ќе има наскоро се надевам, работиме со министерот за здравство во Бугарија,тој ми порача на мене да направам план за масовна имунизација во Македонија. Нема да бидат само двата пункта на граничните премини, по нив да има уште два во Македонија. Планирам сега, но се уште не можам конкретно да одговорам,се надевам дека многу брзо ќе реагира макеоднската Влада.Штом има за Бугарија има и за Македонија.Тоа е мојата логика.За нас сите се браќа и сестри и треба да има вакцинирање.Сите кои ќе се вакцинираат ќе добијат сертификат за патување.” – вели за Алфа д-р Милен Врабевски.

Македонските државјани кои што со месеци чекаат да седнат на вакциналното столче – таа шанса ја добија во Бугарија.Само за десетина дена има повеќе од 2.000 апликации за вакцинирање. Досега се имунизирани околу 700 лица. Вакцинирањето се одвива во пунктовите на граничните премини Станке Лисичково и Златарево.

Основната цел за отворање  на вакцинални пунктови на граничниот пермин Златарево и граничниот премин Станке Лисичково е да ја покриеме Mакедонија.Тоа значи што има за нас треба има и за вас. Има голем интерес досега за вакцинирање се пријавени над две илјади лица. Ние не гледаме дали се бугарски државјани или не се, за нас сите се браќа и сестри.вели првиот човек на „Комак Медикал“,бугарски филантроп д-р Милен Врабевски.

Она што е привилегија кај македонските државјани е што имаат шанса и да бираат која вакцина сакаат да ја примат. Оние вакцини кои ги има во Бугарија ги има и во вакциналните пунктови на граничните премини со Македонија. Д-р Врабевски предложи македонските власти да им го олеснат преминувањето на границата на луѓето за да можат да дојдат во пограничната област, за полесно да се вакцинираат.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста