„Правда и еднаквост“ – СДСМ ги погази главните предизборни ветувања

„Правда и еднаквост“ – СДСМ ги погази главните предизборни ветувања

Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешувани по автоматизам, сите предмети за висока корупција ќе бидат процесуирани до крај – ова беа главните предизборни ветувања на СДСМ – нешто повеќе од шест години, не само што не ги исполнија, туку го направија спротивносто – со измените на Кривичниот законик застарија десетици дела, а во иднина функционерите многу потешко ќе одговараат за направените злоупотреби.

Корупцијата е непријател на граѓаните и на институциите, потребна е заедничка борба – стои во програмата на СДСМ 2020-2024.

Наспроти ова, во сите досегашни извештаи на Европската комисија, Македонија има лоши оценки за борбата против корупцијата. Додека власта се фали со заложбите во борбата против корупцијата, сите високи претставници од ЕУ и земји членки на Унијата, годиниве на назад не предупредуваа дека мора да си ја завршиме оваа домашна работа.
„Без напредок во борбата со корупцијата, но и зголемена корупција на високо ниво“ – рече евроамбасадорот Дејвид Гир кога го презентираше извештајот на ЕК, на 09.11.2023.

Во Македонија нема политичка волја за промени и покрај огромните суми на пари кои стигнуваат за таа цел, се e заглавено поради корупција и непотизам – рече холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, на 19.10.2023.

Неодамнешни вознемирувачки извештаи покажуваат дека корупцијата во Македонија се зголемува, а не се намалува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во правосудтството и ги ослабува јавните институции – рече Метју Лосон, амбасадор на Велика Британија во Македонија, на 09.12.2022.

САД слуша и особено очекуваме резултати со 10-те милиони долари кои што ги вложивме во судството во Македонија до ден денеска, од блиску го следиме она на што се обврзавте и дали ги исполнивте обврските – рече Ерик Мејер – заменик шеф на мисијата на САД, на 3.01.2023.

Пред да седнат во удобните фотелји, ветуваа држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните, ветија и Клинички центар. Добивме протести на здравствени работници, скандали во здравството, незадоволни граѓани. За на крај, висок функционер да ја оценува работата лекарите и медицинскиот персонал.

Немаме никаков проблем да ги зголемиме платите и во здравство притоа ако имаме услуги соодвтени за нашите родители, баби и дедовци – рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на 20.11.2023.

Квалитетно образование – достапно за сите. Но се поставува прашањето, какво е тоа образование без учебници. Од вкупно 126, државата не обезбедила 43 учебници за основно образование. КСЗД утврдиле дека само прво и второодделенците подготвени ја почнуваат новата учебна година.

Социјалдемократите пред да дојдат на власт ветуваа и дека ќе ги вратат младите дома и ќе го намалат иселувањето. Сепак, истражувањата покажуваат дека над 40 отсто од Македонците би се иселиле од државата. Освен финансиски причини, младите во последните години размислуваат да се отселат и поради политичката ситуација, лошиот воздух, здравството, корупцијата, човековите права, но и кариерниот развој.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста