Пензионерите со порака – функционерите да пробаат да преживеат со нашите мизерни примања

Пензионерите со порака – функционерите да пробаат да преживеат со нашите мизерни примања

Стари и излитени чевли, го покрија асфалтот на градскиот плоштад во Свети Николе. Израз  на неколкумесечниот револт на пензионерите, кој и денеска се преточи во протест.  Износените чевли го симболизираат 40 годишниот работен век поминат во фабриките, за денеска, пензионерите да зависат од милоста на власта да им ги покачи примањата, за колку толку поднослив живот.

Заморени од манипулациите, им порачаа на  премиерот и министрите, да не заборават дека се ближат избори, на кои, пензионерите, како огромно гласачко тело, ќе станат посакувана целна група на владеачките партии.

  „Нека си го стават прстот на глава и да размислат. За два месеци ќе има избори, овој народ ќе видиме за кој ќе гласа. Многу сме револтирани! Ние си го бараме нашето. Тоа ни е заработено„ истакнаа пензионерите кои протестираа.

Тие не отстапуваат од барањето за линеарно покачување од 5000 денари, без оглед на најавите на власта за носење на антикризни мерки за пензионерите со најниски примања.

  „Имаме доставено барање до Собрание со усвојување на Одлука или Закон линеарно да се покачат пензиите. Нема да отстапиме од тоа без разлика какви пакети ќе ни дадат„порача пензионер до Свети Николе.

Барањата ќе ги повторат на  1ви декември, на уште еден протест во Скопје, кој ќе се одржии пред македонското Собрание.

Александра Ристевска

https://youtu.be/8A7ysTOU04g
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста