Политички цуркуз на Ахмети: Неговите потези ништо повеќе од старт на предизборна кампања, која не им носи ништо добро на Албанците

Политички цуркуз на Ахмети: Неговите потези ништо повеќе од старт на предизборна кампања, која не им носи ништо добро на Албанците

Карти од Голема Албанија, потсетување на минати желби за Албанија без граници, фалење дека ги направил Албанците господари во Македонија. Се ова се зборови и пофалби од устата на Али Ахмети, на половина година пред изборите. Според познавачите од се ова обичните граѓани Албанци не добиваат ништо, освен најобичен популизам и непотребен национализам. Новинарот Бранко Героски вели дека ова е обичен политички цирукус, како и јасен старт на предизборната кампања од страна на ДУИ.

Ова е класичен предизборен фолклор, на кој во Македонија ние веќе сме навикнати. Во секој предизборен циклус ние гледаме исти пораки, гледам ист обид и ист начин да се привлече вниманието на избирачите. Дали со еден со потклекнување на ваквите политички агенди, со приклонување кон ваквите национални каузи нешто објективно се добива. Мислам дека луѓето резонираат по еден поинаков начин, кога ништо не се добива, барем добиваме циркус, изјави Героски.

Героски повика на сенс кај политичарите од албанските политички блок, велејќи дека ваквите потези се најмалку потребни со оглед на тоа дека живееме во чувствителни моменти. Според нормално е чувствата на македонските граѓани да бидат повредени по едни вакви потези, а вината треба да се бара кај македонскиот дел од власта. Вели Македонците се повредени бидејќи ова се случува среде Македонија, во моменти кога се бара државава да направи голем број отстапки по бугарски диктат, за да може воопшто да се надева на светла европска иднина.

-Таа тензија што се создаде во овој претходен период потекна од силниот притисок Македонците сепак да направат уште една голема значајна отстапка во поглед на сопствениот идентитет, а за некаква добра, европска иднина на земјата заради преговори или преговарачка рамка. Создава една тензија кај Македонците и извесно ниво на недоверба кон албанскиот политички фактор, изјави Героски.

Според Героски за говорот на Ахмети и картата од Голема Албанија потребна била пожестока реакција од Димитар Ковачевски, кој не виде ништо проблематично во картата и зборовите на коалициониот партнер. Героски вели наместо да се повикува на комунални закони, премиерот најмалку што можел е да испрати осуда за овој потег.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста