Зголемената квота за увоз на работната сила од странство – недоволна за компаниите
Зголемувањето на квотата на работни дозволи за странци, ќе го ублажи, но нема да го реши проблемот со недостатокот на работници. Ова е ставот на Организацијата на работадавачи, откако вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека квотата од 5000 работни дозволи, се зголеми на 7000. Според работодавачите, новата бројка на работници од странство најверојатно ќе биде недоволна за наредната година, ако се земе предвид фактот дека компаниите постојано се соочуват со недостаток од квалификувана работна сила.
„ Во овој момент, зголемените барања за увоз на странски работници на еден начин ќе се реши со зголемувањето на квотата, но јас сум сигурен дека за идната година веќе и оваа бројка ќе биде мала. Информиран сум дека многу компании се во тек на подготвуваање на документација и соработка со разни агенции за увоз на работна сила во Македонија„ изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.
Но за активистите за работничките права, увозот на работници посебно од Далечниот Исток, може да влијае на цената на трудот на македонскиот работник.
„ За да видеме и дополнително се праша за каде се спремаат овие дополнителни 2000работници. Бидејќи вака како што е работата ние немаме одговори каде се моменталните 5000 и за каде ќе бидат останатите плус 2000. Со ваквите изјави и политики, најверојатно се планира да се намали цената на работникот и да се исплаши„изјави Кристина Ампева од Здружението„Гласен текстилец„.
Македонските компании подолго време се соочуват со недостаток од работници, а според вицепремиерот Битиќи на земјава и недостасуват 10.000 работници. Ова, пред се, се однесува на градежништвото, текстилството, како и во услужните дејности и хотелиерството.