Германските компании со список на желеби за новата македонска Влада – Да се подобри бизнис климата

Германските компании со список на желеби за новата македонска Влада – Да се подобри бизнис климата

Одливот на квалификуван кадар, корупцијата, нефукнционалната администрација се главните ризици за германските инвеститори во Македонија. 31 отсто од нив не би инвестирале повторно, додека 69 отсто би го сториле тоа. Анкетата за деловната клима на делегацијата на германското стопанство во Македонија покажува дека државата е оценета под просекот во одредени области како борбата против корупцијата, правната сигурност и ефикасноста на јавната администрација.  

Голем предизвик за компаниите е и трошокот за персонал, односно краткото време за прилагодување на промената на висина на платите.

Германските инвеститори доставија и таканаречен список на желби до новата Влада.

Споредено со претходната година само 6 отсто од анкетираните компании  ги оценуваат економските перспективи за годинава како подобри, а 37 отсто како полоши. 57 проценти од анкетираните ги сметаат како задоволителни.

Оние кои не би се вратиле во Македонија да инвестираат е заради што би одбрале друга држава .Се поатрактивна станува Северна Африка.

За оние кои остануваат тука најголемиот проблем е демографската слика – во Македонија нема кој да работи

Во Македонија има повеќе од 200 германски компании кои вработуваат повеќе од 20 илјади вработени. Германија е најголемиот трговски партнер на Македонија, според Државната статистика лани размената надминала 4.8 милијарди евра, извозот бил три пати поголем од увозот и достигнал 3.6 милијарди евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )