Аналитичари: Поцврст став и проактивна дипломатија ги штитат државните интереси и вистински ги решаваат проблемите

Аналитичари: Поцврст став и проактивна дипломатија ги штитат државните интереси и вистински ги решаваат проблемите

Еден неизговорен збор од претседателката Силјановска Давкова го разбуди од зимски сон грчкиот премиер Мицотакис, а предизвика реакции и кај грчката опозиција. Ако до сега соседите беа навикнати на сервилна дипломатија  и прифаќање на секакви услови, уцени и навреди, еден поразличен став на шефицата на државава ја затресе политичката сцена во Грција. Меморандумите за Македонија се најновата причина за недоразбирање меѓу власта и опозицијата кај јужниот сосед. Откако опозициската Сириза поднесе барање за ратификација на меморандумите, кои неколку години чекаа да влезат во процедура во Парламентот, грчкиот премиер Мицотакис со ултиматум – ќе ги прифателе кога македонската страна ќе го почитувала Преспанскиот договор. Според упатените, последните случувања во Грција се знак дека во Македонија зема замав една проактивна дипломатија која ќе ги штити интересите на државата.

Oчигледно дека доаѓа време на една проактивна дипломатија, претседателката покажа еден поинакoв однос не само по името на државата туку и односот кон Меѓународната заедница, од она со години го трпиме со дипломатија која беше сервилна и полтронска исполнувајќи си сите желби на меѓународната заедница не доведе до оваа ситуација да треба да го смениме односот и да покажеме дека имаме дипломатија која ќе биде проактивна  и поагресивна и во промоција на заборвените националните интереси, вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски.

За Јанкуловски, не е за изненадување овој став на претседателката бидејќи како човек кој доаѓа од академската фела, секогаш ги бранела националните интереси.

Гледате каква е реакцијата во меѓународната заедница во дипломатијата се мерат сите тие чекори како ќе се однесува претседателката се работи за човек кој доаѓа од академска фела со личен став за одрдени прашањеа не напуштајќи го наицоналниот интерес посебно поради тоа што ја поддржаа толку многу луѓе и затоа таа треба да го чува интересот на сите тие луѓе, додава Јанкуловски.

Грчкиот премиер вели оти предупредил дека секое отстапување од Договроот од Преспа би имало сериозни последици.

Инаку трите меморандуми кои произлегоа од Договорот од Преспа и се потпишани од грчкото МНР и МО уште во 2019 година, останаа да се ратификуваат во грчкиот парламент и потоа да се спроведат: Меморандум за забрзување на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на небото.

СИРИЗА вчера најави дека разгледуваат можностите за поднесување на овие три меморандуми и веројатно тоа ќе биде во форма на законска иницијатива. Тие претходно обвинија деа Мицотакис избегнува да ги донесе во парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )