Економската директорка Иљази наспроти укажувањата на ДСЗИ вработила 18 лица со истечени договори

Економската директорка Иљази наспроти укажувањата на ДСЗИ вработила 18 лица со истечени договори

Хаосот продолжува на Клиниката за токсикологија.Орагнизациската директорка Бесија Иљази ставила потпис за враќање на 18-те луѓе кои работеа со договор на дело до крајот на 2023 година. Тие денеска се појавиле на работа. Министерот за здравство Илир Демири повторно во одбрана на Иљази.

Меѓу вработените е болничарот кој јавно пред камера призна дека побарал „услуга“ од лаборантот која не му била завршена, а тоа е да замени резултат од урина во која имало наркотици со чиста урина. На списокот на вработени има и тројца кои се со несоодветно образование. Примени се петмина административци. Една од примените медицински сестри е во блиска релација со вработен во Клиниката.

Токсиколиогија веќе неколку недели е во центарот на вниманието со бројни скандали и неправди, врз дел од вработените.

Еден од најстарите професори на Клиниката, Нико Беќаровски беше директно обвинет од страна на Министерството за здравство за наводни тврдења на дел од вработените кои сега имаат продолжен договор, дека професорот им се заканувал и ги навредувал на етничка основа. Беќаровски негира и најави тужби.А во негова одбрана застанаа колегите доктори и речиси целиот персонал.

Тој се обрати и лично до министерот Демири и побара да се огради од објавата.

Министерот пред два дена го разреши само медицинскиот директор Петровски, но ја остави организациската директорка Бесија Иљази која на единствената прес конференција не зборуваше македонски и понатаму да директорува, иако стручниот колегиум и најголем дел од вработените алармираа дека таа со нејзиното однесување е виновна за хаосот на Клиниката.

Ања Лукарова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )